Во Министерството за образование и наука е формирана работна група која е во координација со министерствата за економија и за финансии и со други надлежни институции, соопшти министерот Јетон Шаќири одговарајќи на прашањето дали МОН има план за затоплување на училиштата во зима во услови на енергетска криза.
– Очекувам ние да имаме отворени училишта, добро да соработуваме, централната власт со локалните самоуправи, добро да ги менаџираме училиштата и најважното тие да ни бидат отворени, рече Шаќири на прес-конференцијата.
На прашање дали ќе се признаваат дипломите од верски образовни институции при упис на факултет, министерот одговори дека МОН поднел Предлог-закон и оти вчера на седница на Влада побарал да се најде решение.
-МОН поднесе Предлог-закон. Голем број ученици кои завршија во верските училишта се обраќаат до институциите. Мислам дека ќе се реши проблемот, ќе се вметнат во образовниот систем и ќе имаат еднакви можности да конкурираат во високото образование, додаде Шаќири.