Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска престојува во работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Од Кабинетот на Иванов информираат дека за време на престојот во Лондон, претседателот ќе оствари средба со спикерот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау и со спикерот на Горниот дом на британскиот Парламент, Лорд Фаулер.
Во рамки на работната посета претседателот Иванов ќе одржи предавање на Оксфордската унија и ќе оствари средба со претседателот на Универзитетот „Оксфорд“, Лорд Крис Патен. Македонскиот претседател ќе има обраќање во Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам хаус“ на тема: “Македонија, миграциите и безбедноста:научени лекции, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.
За време на работната посета претседателот Иванов ќе оствари средби со претставници на македонската дијаспора во Велика Британија и ќе ја посети црковната општина „Свети Ѓоргија“ во Брајтон.