![Spasovski Galovej](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/Spasovski-Galovej.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство , Н.Е. Рејчел Галовеј на која и завршува работниот мандат во земјава.
На средбата министерот Спасовски и се заблагодари на амбасадорката Галовеј за нејзината поддршка и соработката на Амбасадата на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија со Министерството за внатрешни работи и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.
Во оваа прилика министерот Спасовски и врачи плакета и Монографија од МВР на амбасадорката Галовеј во знак на благодарност за успешната соработка и модернизирање на капацитетите на МВР на Република Северна Македонија.