Работнички ќе настапува во ФИБА Европа Купот

По пауза од шест години, најтрофејниот македонски кошаркарски клуб скопски Работнички се враќа во натпреварувањата на ФИБА.

Како и во 2017, Работнички повторно ќе учествува во квалификациите за ФИБА Европа купот со што ќе го означи своето враќање на меѓународна сцена, но и надвор од регионални рамки со оглед на тоа што пред три сезони учествуваше во АБА 2 лигата.

Својот противник во квалификациите, Работнички ќе го дознае на 5 јули. Покрај клубот од Градски парк, учеството во истото натпреварување го потврди и К.К Феникс.