Работнички лесно против Вардар

Кошаркарите на Работнички славеше над Вардар на домашен терен со 92:72 со што се врати на победничките патеки во македонскиот кошаркарски шампионат и борбата за подобар пласман пред разигрувањето за титула.

Одличен натпревар одигра новото засилување Иван Аска. Американецот постигна 30 поени и додаде уште осум скока и беше убедливо прв стрелец пред Питс со 25 поени.

Трет стрелец кај Работнички беше Виктор Ефремовски со 15 поени. Кај Вардар, Диксон даде 19 поени а високиот Дујковиќ застана на десет коша.

Работнички моментално има соодност меѓу победите и порази 13-6.