Работнички подобар од Лирија

Најтрофејниот македонски кошаркарски тим Работнички во претпоследното коло од регионалниот дел во Првата лига ја совлада Лирија со 75:65 и се избори во последното коло од првиот дел од сезонатаво директен дуел со Кожув да решаваат кој ќе влезе во Супер лигата како лидер.

Лирија одлично го одигра провото полувреме и во текот на целите 20 минути го диктираше водството кое во неколку наврати изнесуваше и12 поени (22:17 и 25:20). На паузаизбраниците на Илиевски заминаа со предност од 10 поени 47:37.

Кошаркарите од „Градски Парк“ фируозно ја започнаа третата делница и предвоедни од одличниот Икониќ успеаја да направат серија од 16:5 (56:52) и да го превземат водството во свои рац и да го задржат до крајотнанатпреварот

Лидерот во тимот на Рајковиќ беше Икониќ со 29 поени, а Соколов постигна 14 поени. Во поразениот тим се истакнаа, Трајковски кој забележа дабл-дабал учинок 11 поени и 11 скокаи Тасовски со 17 поени.

И покрај поразот Лирија останува на треттата позиција и за истата во последното коло ќе решава во директен дуел со Куманово.