Денеска во заостанатиот натпревар од 12 коло во машкиот кошаркарски шампионат одигран во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје во го големото дерби составот на Работнички триумфираше со 74:75 против МЗТ Скопје Аеродром.
Кај победниците доминираше хрватскиот интернационалец Бундовиќ со 16 поени, колку што има и неговиот тимски колега, Словенецот Мулалиќ.
На спротивната страна Мекиќ реализираше 18 поени, а Гравет и Крстевски го следеа со по 15. На табелата тимот од Градски парк се на седмото место со 29 бодови, три повеќе од деветтопласираните „металци“.