Работници го откриле тунелот за бегство од затворот „Идризово“

Тунелот ископан во затворот „Идризово“ крај Скопје го открила затворската полиција, а бил копан најмалу четири до пет месеци и во него имало потпорни греди со добро осветлување.

Пред дваесет дена градежни работници го пријавиле откривањето на прокопот, а тајната полиција правела проверки за во вторникот утрото во затворот да пристигне и градежна механизација.

Рано утринава затворската полиција при акција за сузбивање на можни обиди за бегство на осудентите лица откриле ископан тунел. Недостигале уште неколку метри за осудените лица да дојдат до главниот преграден ѕид на затворот Идризово. Овој тунел бил добро осмислен.

Затворот Идризово има тунел како оној на максиканскиот нарко бос Ел Чапо, но кој требал да помине низ него допрва ќе се истражува. Го откриле градежни работници, а го копале затвореници со доживотни казни.

Додека се подготвувало филмското бегство во затворот Идризово каде казна затвор одлежуваат осудените лица со најтешки кривични дела премиерот Димитар Ковачевски го разреши директорот Шпенд Тахири.

Филмското бегство на Беким Мемети не беше доволна причина, премирот да донесе ваква одлука. Тогаш го правдаше како нов и недокажан кадар за денеска да предложи негова смена.

Обвинителството сега има полни раце работа да открие евентуална вмешаност и корупација кај затворските службеници но и да се испита безбедноста во најголемиот затвор во земјава кадешто често се случуваат коруптивни скандали.