Работнички уште еднаш ги наполни срцата на Македонците

Дали "романтичарите" ќе го покорат Рубин и уште еднаш да ги наполнат македонските срца ?

“Романтичарите” синоќа на Националната арена “Филип Втори” во Скопје го совладаа Трабзон со 1:0 во првиот дуел од третото квалификациско коло за Лига Европа.

Во една инзвонредна престава која фудбалерите на Работнички им ја пружија на присутните 10-тина илјади навивачи, успеаа да победат против моќниот турски тим Трабзон. Според некои проценки, гостинските фудбалери на трансфер пазарот имаат вредност над 100 милиони евра, сума која за македонските клубови ќе биде мисловна именка уште многу многу години. Сепак, како што изјави Марјан Алтипармаковски за турските медиуми “..на теренот не играат парите, туку фудбалерите”, така и бидна. Речиси во текот на сите 90 минути нашиот преставник во ЛЕ во најмала рака беше рамноправен со турскиот гигант, а честопати и подобар. Впрочем, токму фудбалерите на Работнички ги имаа и најубавите шанси за погодок на натпреварот.

ilijoski
Капитенот Баже Илијоски повторно стрелец во Лигата на Европа

Единствениот погодок беше дело на Баже Илијоски во 23-та минута од натпреварот, кога по одличното додавање “во празно” на Стефан Вујчич, капитенот избегна офсајд стапица и го постигна победоносниот гол.

Илијоски имаше одлична можност и во вториот дел, кога 40-тина метри ја водеше топката, но во моментот кога излезе очи во очи со гостинскиот голман, немаше сила за завршница, па одбраната на Трабзон ја исфрли топката во корнер. Стопроцентна шанса за погодок имаше и Чума Анене, кој од само пет метри со глава биеше покрај голот, па така резултатот остана 1:0 во корист на нашиот тим.

anene
Анене и Илијоски не искористија одлични шанси да ја запечатат судбината на Трабзон уште во Скопје

Останува горчината дека ова беше одлична можност да се слави и со поголема разлика, но и оваа победа е “злато вредна”, ако се знае кој беше противникот.

Реваншот ќе се одигра по една недела (6 август) во Трабзон, а доколку Работнички ја задржи предноста од Скопје, ќе избори историски пласман во плеј оф натпреварувањето за влез во групите на ЛЕ.