Полицијата информира дека откако го забележал, друг вработен го извлекол Б.Р. надвор од халата и се обидел да го реанимира со масажа на срцето и со кислород.
Веднаш потоа повикал Итна медицинска помош од чијашто страна е констатирана смрт без видливи траги на насилство. Телото на починатиот е префрлено во Клиничка болница Битола.
Увид извршила екипа на СВР Битола. За настанот е запознаен трудов инспектор.