Работник го загуби животот во рудник во прилепско

Несреќа со трагична последица се случила вчера околу 11:15 часот во рудник во Прилеп.

Од МВР информираат дека 67-годишниот Д.З. од Прилеп, кој управувал товарно возило „сканија 113“, со велешки регистарски ознаки, при извршување работни задачи во рудникот паднал од камионот.

Тој бил пренесен во Општата болница Прилеп каде од лекар била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција