Работник на UNRWA меѓу убиените во израелското гранатирање на складиште за храна во Газа

Пет лица загинаа во израелски оган во дистрибутивен центар во градот Рафах во јужниот дел на Газа, соопштија во средата палестинските здравствени власти.

Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот во градот каде што се засолни повеќе од половината од 2,4 милионското население на Појасот Газа, откако главната агенција на ОН за палестински бегалци (UNRWA) соопшти дека една од нејзините згради била погодена.

Најмалку еден член на персоналот на UNRWA е меѓу петте убиени и 22 ранети, соопшти агенцијата, и покрај тоа што координатите на објектот ѝ биле дадени на израелската војска.

Израел тврди дека наводно се обидува да ги минимизира цивилните жртви во борбата против милитантите на Хамас во урбаните области.

„Денешниот напад на еден од последните преостанати дистрибутивни центри во Појасот Газа доаѓа во време на недостиг од храна, додека излгаднетоста ​станува глад во некои области“, изјави челникот на UNRWA, Филип Лазарини.

Обединетите нации предупредија дека најмалку 576.000 луѓе во Појасот Газа, четвртина од вкупното население на малата палестинска енклава, се на работ на глад.