Работник падна од скеле во Гостиварско

Триесет и шест годишниот М.Ф. од село Горно Палчиште, општина Боговиње се здобил со тешки повреди откако паднал од скеле.

М.Ф., во текот на вчерашниот ден, изведувал градежни работи на куќата во сопственост на 47-годишниот Ф.Ј. во гостиварското село Тополица.

Повредениот бил пренесен во гостиварската болница, а оттаму препратен во Клиничкиот центар во Скопје поради сериозноста на повредите.

Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.