![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/brza-pomos.jpg?resize=450%2C281&ssl=1)
Жител на Копанце е тешко повреден откако паднал од висина од шест метри додека работел на куќа на жител од Ратае, вчера.
А.А. (46) вчера, околу 13 часот со електрична дигалка спуштал празна количка со која претходно пренесувал бетон. Дигалката во еден момент се откачила и заедно со количката тој паднал од вториот кат на објектот.
Веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош поради сериозноста на повредите на главата бил префрлен на скопските клиники.