Маж вработени во ЕВН го загубил животот како последица од струен удар при изведување работи во кривопалнечко во четвртокот, информираше Министерството за внатрешни работи.
На 16.08.2019 во 12,00 часот било пријавено дека во с.Подржикоњ-Крива Паланка, на место викано Косачи, С.Ѓ.(48) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, изведувајќи работи починал од струен удар, констатирано од лекар на Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.