Вчера, околу 13,00 часот во Скопје бил пријавено дека на улица „Герника“, додека се изведувале градежни работи (истовар на цигли од товарно возило со кран), дел од кранот се заплеткал во жици со електричен напон, при што вработениот во градежна фирма, Џ.В. (21) од село Морани-Скопје, кој стоел непосредно до кранот, починал како последица на струен удар.
Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата.