Рација во тетовско: 22 Македонки,Бугарки и Албанки пееле во кафеани

Во рација спроведена во два локала во тетовско приведени се 22 девојки кои нелегално работеле како пејачки и танчерки.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска во раните утрински часови е спроведена рација во две тетовски локали. „Кораби“ во село Горно Седларце сопственост на 36-годишниот З.Л. од Тетово и во „Желина“ во село Желино во  сопственост на 33-годишниот  Ш.И и 22-годишниот М.Ф.  и двајцата од Желино.

 

Според полициските информации  во првиот објект биле  затекнати и приведени седум девојки од Албанија и една од Бугарија, додека пак во вториот локал затекнати се шест албански и осум македонски државјанки.

Сите девојки, кои претежно биле ангажирани како пејачки и танчерки заедно со сопствениците на објектите се приведени и задржани во тетовската полиција.

По расчистувањето на случајот ќе следи и соодветен поднесок.