Раде Стојновиќ повеќе не е ракометар на Зомимак

Еден од најдобрите македонски ракометари Раде Стојановиќ, повеќе не е член на екипата на Зомимак, откако потпиша шестмесечен договор со норвешкиот Дремен.

„Зомимак е еден прекрасен и успешен проект на претседателот на клубот Славе Гошев, кој со тренерите Димитар Пандев и Марјан Андонов имаат цел да го заживеат ракометот во Струмица, правејќи нов ракометен центар, надвор од Скопје,
Од Зомимак сум задоволен како од тренинзите, така и од досегашниот успех, а особено што имав чест да бидам дел од историски запишан момент во ракометот во Струмица и Македонија – пласман во топ 16 во купот на ЕХФ. Исто би истакнал дека во екипата владее еден убав однос и дргарство кое е реткост во една екипа, што беше клуч за овој успех. Убеден сум дека моите соиграчи може да се носат со сите екипи кои се во групата. Во однос на домашното првенство би кажал дека нема ниту на Металург, ниту на Вардар да им биде лесно во Струмица, како во плеј-оф, така и во купот. Потпишав договор на шест месеци со можност за продолжување со Драмен од Норвешка, екипа која има богата ракометна традиција во Норвешка и Европа. #, зјави Раде Стојановиќ

„Струмица ќе ја паметам по убави моменти, по топлината и гостопримливоста на луѓето при што за кратко време стекнав многу пријатели. За крај би сакал да кажам дека жал ми е што селекторот и РФМ не ја видоа и оценија формата во која се наоѓам за да можам да помогнам на репрезентацијата за подобар пласман на Европското Првенство во Данска“, додаде искусниот лев бек.