Радев бара посебно поглавје со критериумите за добрососедство

Бугарскиот претседател Румен Радев бара да се отвори посебно поглавје во преговарачкара рамка за Северна Македонија во кое ќе бидат содржани сите критериуми за добрососедство.

Според него, Бугарија пред се мора да ги брани својата историја, јазик и идентитет.

– Никој освен ние самите не можеме да го направиме тоа. Убеден сум дека отворено соработувајќи со нашите соседи и браќа, ќе го најдеме вистинското решение, но бидејќи Договорот за добрососедство не води кон нив, имаме право да бараме други средства. Бугарија не е кандидат за членство, туку Република Северна Македонија. Таа мора самата да одлучи дали ќе продолжи со идеологиите на омраза од минатото или ќе започне демократски развој – изјави Радев за БНТ.

Тој тврди дека ја убедил Владата на Бојко Борисов дека не може да има безрезервна поддршка за Скопје и оти на негов предлог во Парламентот во Софија е усвоена националната рамка со „црвените линии“.

На прашањето дали е можно Бугарија и Северна Македонија да најдат решение до вторник за кога е закажан состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, Радев вели дека е збнувачки молкот на бугарската Влада.

– Таа нема јасно изразено противење. Има правилни позиции, но нема јасни механизми со кои треба да да се постигне целта – рече бугарскиот претседател.

За неодамнешниот телефонски  разговор со македонскиот претседател Стево Пендаровски вели дека бил многу искрен.

– Знам дека е тешко. Ова е предмет на внатрешни политички противречности. Но, мене ме интересира една работа – што прави државниот врв на Република Северна Македонија во однос на државната политика за учебниците, музеите, спомениците, официјалните рубрики на јавните медиуми и веб-страници и истражувањата на научните организации и институти – рече Румен Радев.