Радев е категорично против испраќање бугарски војници во Украина

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е категорично против испраќање бугарски војници во Украина, без разлика на формата.

– Како врховен командант, категорично сум против испраќање бугарски војници во Украина под каква било форма – изјави Радев на одбележувањето на 35-годишнината од основањето на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија (КНСБ).

Тој истакна дека очекува јасен и недвосмислен став од Владата и Парламентот дека Бугарија нема да испраќа свои трупи.

– Од почетокот на војната во Украина го поставив клучното прашање – да не се дозволи Бугарија да биде вовлечена во конфликтот. Денес, кога глобалната безбедносна архитектура се распаѓа, ова прашање е уште порелевантно – нагласи Радев.