Радев го покани Путин на одбележувањето на 140-годишнината од ослободувањет на Бугарија

Бугарскиот претседатл Румен Радев во текот на телефонскиот разговор во кој се разговарало за задничката соработка меѓу двете земји во сферата на енергетиката, го поканил рускиот челник Владимир Путин на одблежувањето на 140-годишнината на Бугарија од Османлиското царство, кое ќе се оддржи следната 2018 година, соопшти во вторникот службата за односи со јавноста на бугарскиот претседател.

„Во врска со 140-годишнината од завршувањето на Руско-турската војна од 1877/1878 година и ослободувањето на Бугарија, шефот на државата го покани својот руски колега во официјална посета на земјата во 2018 година“, се наведува во соопштението.

Се истакнува дека рускиот претседател Путин му заблагодарил на Радев за поканата и ја прифатил, а точниот датум на неговата посета ќе биде подоцна договорен меѓу двете страни.

Радев, исто така, му го честитал лично на Путин и на целиот руски народ неодамнешниот празник Денот на Русија.

„Во текот на дваесетминутниот разговор по иницијатива на бугарскиот претседател, беше истакната длабоката историска и духовна врска меѓу бугарскиот и рускиот народ“, се издвојува во соопшетнието.

Радев претходно ја најави својата намера да го покани на празнувањето Путин, но таа идеја предизвика негодување од некои бугарски политичари, кои остро истапуваат против Русија во согласност притисоците од Западот, како што е поранешниот бугарски претседател Росен Плевлениев. Радев, пак, одговарајќи на критиките истакна дека нема намера „да прави компромиси со историјата и опсесивноста на шака пратеници“.

Уште пред бугарските претседателски избори ланскиот номеври, Брисел стравуваше дека изборот на 53-годишниот поранешен генерал Румен Радев, може да доведе до приближување на Бугарија кон Русија, и со тоа да го предизвика незадоволството на Европската унија и на НАТО. Радев, пак, ги отфрла ваквите стравови за приближување кон Русија. Истакнува дека тој е „генерал на НАТО формиран во САД“ и дека Бугарија нема алтернатива за припадноста во ЕУ и НАТО.