Бугарскиот претседател Румен Радев порача дека земјата нема да и дава оружје на Украина, бидејќи не сака „со бугарско оружје да бидат убивани Бугари“.
Во Украина живеат десетици илјади етнички Бугари, дел од кои се регрути во воениот конфликт, а може да се соочат и со напади од руска страна доколку Бугарија стане активен учесник во конфликтот.