Бугарскиот претседател Румен Радев изрази уверување дека нема потреба од посредништво во дијалогот помеѓу Македонија и Бугарија. Тој нагласи дека разговорите треба да се водат директно со Европската комисија, со оглед на важноста на прифатената Преговорачка рамка за земјава.
Коментарите на Радев доаѓаат по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази подготвеност за преговори со бугарскиот претседател. Радев посочи дека преговорите меѓу двете земји завршија во јули 2022 година, кога беше потпишан билатералниот протокол за Договорот за добрососедство.
Според Радев, дијалогот треба да се фокусира на исполнување на барањата поставени од Европската Унија, а Бугарија е подготвена да помогне во тој процес.
Тој истакна дека Бугарија има одговорност да помогне на Северна Македонија да ги исполни условите од двостраниот протокол и Преговарачката рамка, за да може земјата да продолжи по европскиот пат.
Радев заклучи дека работите се јасни и дека е важно Македонија да се фокусира на почитување на европските стандарди и барања.