Радев очекува уставниот суд да ја реши парламентарната криза

Бугарскиот претседател Румен Радев очекува уставниот суд на Бугарија побрзо да се произнесе по неговата жалба за измени на основниот закон, поради тензиите во јавноста. Шефот на бугарската држава ја коментираше оваа тема пред студентите на Универзитетот за национална и светска економија.

„Сега сме во еден вид парадоксална ситуација – авторите на овие промени се жалат поради промените. Во политиката има две многу важни работи – одговорност и доверба. Кога тоа се прави на тој начин што одговорноста е заматена, нема одговорност – почнува да ги руши темелите на демократијата, институционалните темели на државата, а оттаму патот до хаосот е многу краток“, рече Радев.