Македонија нема алтернатива освен европската но Бугарија не може да направи компромис за правата на македонските Бугари и историската вистина, порача бугарскиот претседател Румен Радев на конференција посветена на односите меѓу двете земји.
Бугарија ја поддржува европската иднина на Македонија, но не може да направи компромис за правата на македонските Бугари и историската вистина, порача бугарскиот претседател Румен Радев на конференција во Софија посветена на односите меѓу двете земји, на годишнината од смртта на Гоце Делчев. Радев призна дека Бугарија е изложена на огромен притисок од меѓународната заедница за кревање на ветото…
-Се користат секакви методи за лобирање и притисок врз Бугарија преку нашите сојузници и европските институции за да се укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Парадокаслно што притискот врз Софија е поголем отколку врз Скопје. – рече Радев
Радев го повтори ставот дека Бугарија треба да го крене ветото за старт на преговорите со ЕУ откако Бугарите ќе влезат во македонскиот Устав бидејќи на тој начин ќе се решат отворените прашања меѓу двете земји и Софија според него нема да се доведе до ситуација како што вели да направи едностран и тежок компромис.
-Изјавите дека во моментот не можат да го направат тоа бидејќи е потребно 2/3 мнозинство во Собранието, извинете, ако Собранието на земјата нема политичка волја, ако властите немаат политичка волја да демонстрираат согласност со Копенхашките критериуми за членство, во најважниот дел – човекови права, недискриминација, тогаш за каква национална цел зборуваме кај нашите соседи да се стремат кон ЕУ. – Румен Радев – Претседател Р. Бугарија.
На конференцијата која се одржува на денот кога се одбележува 119 годишнината од смртта на Гоце Делчев зборуваше и претседателот на бугарскиот тим историчари Ангел Димитров, кој оцени дека неуспехот на комисијата скоро 3 години да се договори Делчев да се чествува како историски обединувачка личност е во сложените односи помеѓу историјата и политиката.