Можам да кажам дека одеднаш станав многу интересен за сите европски лидери. На ден имам покани да разговарам со најмалку двајца премиери, еден претседател и еден комесар. Има многу внимание кон Бугарија, нема да го кажам зборот притисок, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, откако положи цвеќе пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј во Софија.
Да не заборавиме, додаде Радев, дека Бугарија е членка на Европската унија и тоа значи многу, а ќе се обратиме до другите членки на ЕУ за солидарност.
„Најважно е Бугарија, како таква одговорна членка, да не дозволи да се внесат многу проблеми во Унијата“, порача Радев.
Бугарскиот претседател уште рече дека европскиот пат на Македонија минува преку Софија, како и дека тоа е патот за решавање на сите проблеми.
Истакна дека дека Бугарија ги развива односите меѓу двете земји во духот на доверба, пријателство и добрососедство