Бугарскиот претседател Румен Радев стави вето на договорот за донација на вишокот оклопни транспортери на бугарското Министерство за внатрешни работи на Украина, што беше одобрен од бугарскиот парламент на 22 ноември, објави претседателската прес-служба.
„Оклопните транспортери [што] ќе и бидат доставени на Украина може да се користат за заштита на бугарската граница и за помош на населението во случај на катастрофи и несреќи. Животот и здравјето на бугарските граѓани треба да бидат главен приоритет“, посочи претседателот, испраќајќи го договорот назад во парламентот на повторно разгледување.
Претходно, пратениците го одобрија договорот меѓу бугарското Министерство за внатрешни работи и украинското Министерство за одбрана за бесплатно обезбедување на оклопна транспортна опрема.
За трансфер на опремата гласаа вкупно 152 пратеници од владејачкото мнозинство, а против 57 пратеници од опозициските партии.
Украинската страна требаше да добие оклопни транспортни возила опремени со оружје што бугарското Министерство за внатрешни работи не ги користи, вкупно околу 100 оклопни транспортери, како и резервни делови. Точниот број на единици на опрема што требаше да бидат испорачани е класифициран.