Радев: Влада не може да има по секоја цена, сакам да ги исцрпам сите можности за формирање кабинет

Бугарскиот претседател Румен Радев порача во понеделникот дека не може да се формира влада „по секоја цена“, пренесува агенцијата БТА.

„Не може да има влада по секоја цена, производ на задкулисни и непринципиелни договори, а во исто време ќе инсистирам на конструктивен, отворен, ефективен дијалог, ќе инсистирам на исцрпување на сите можни опции за формирање влада“, рече Радев во текот на консултациите со претставниците на политичката партија Продолжуваме со промената.

Шефот на бугарската државата се консултира со парламентарните сили во 48-то Народно собрание според уставот пред да го предаде првиот мандат за формирање влада.