Радев: Во најскоро време ќе го свикам Народното собрание

Бугарскиот претседтаел Румен Радев изјави дека ќе ја закаже седницата на нвоото собрание во најскоро време, кога ќе бидат објавени имињата на новите пратеници.

Тој изрази надеж дека бугарските партии ќе ги надминат разликите во име на заедничката иднина и ќе имаат стабилно мнозинство, јави дописникот на МИА од Софија.

Радев и честиташе на партијата „Продолжуваме со промената“, која победи на парламентарните избори во Бугарија, за успехот и рече дека резултатите носат шанса и надеж.

Според Радев, битката за зајакнување на државноста не е завршена. Според Радев, партиите од статус кво постојано изразиле желба да ја преземат претседателската функција, велејќи дека никогаш не штеделе ресурси, а најмалку ќе ги поштедат оваа недела. Румен Радев ги повика сите бугарски граѓани кои сакаат да живеат во достоинствена и модерна Бугарија да излезат и да гласаат за промената да биде неповратна.