Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека првиот мандат за формирање влада ќе го врачи на ГЕРБ-СДС во понеделник.
-Се надевам дека дополнителното време што им го дадов е искористено на најдобар начин. Кога детално ќе го разгледам текстот на новоусвоениот Изборен законик ќе донесам одлука, рече Радев одговарајќи на прашање дали ќе стави вето на измените на изборниот закон.