Радикалите на Заев најактивни на терен: Зекири и Адеми во борба по албански гласови

радикалите

Со одлуката на Зоран Заев, новинар кој се залага за „слободно и независно“ новинарство, новинар со изразити радикално-исламистички ставови да стане висок партиски функционер и рамо до рамо со Едмонд Адеми во Извршниот и Централниот одбор, во СДСМ се створи силно радикално јадро околу кое, во агонијата која произлегува од безидејноста и сѐ поголемиот раскол во партијата, Заев ќе се обиде да приврзе гласачко тело кое треба да му обезбеди победа на изборите на 11 декември, пишува Република.

1
Едмонд Адеми, с. Ѓурѓевиште, Тетовско

Трансформацијата на Мухамед Зекири од независен новинар во висок партиски функционер траеше помалку од 48 часа, што и не зачудува имајќи предвид дека Заев има помалку од 20 дена да го реализира пеколниот план за „решавање на македонското прашање“, односно воведување двојазичност и отворањепат за федерализација и распад на Македонија. Секако, ако наиде на македонски народ кој ќе стапне врз крвта и потта на предците и ќе го заокружи бројот 4 на гласачкото ливче на 11 декември.

2
Во Штабот на СДСМ во Арачиново

Изборите на 11 декември не се избори кои како и секои други ќе завршат со победничка и поразена партија. Овие избори се особено важни, зашто се мерило за патриотскиот полнеж на македонскиот народ, за неговата решеност да му се спротивстави на планот за распарчување на Македонија, кој е до детали разработен во предавничкото дувло на „Бихаќка“.

Мухамед Зекири во Арачиново
Мухамед Зекири во Арачиново

Затоа, Заев ги активира радикалните исламисти Зекири и Едеми, најпожртвувано да се заложат и да ги придобијат албанските гласачи со чиишто гласови планира да победи на овие избори, а и за чијашто кауза се бори.

Мухамед Зекири и Бујар Османи на аџилак
Мухамед Зекири и Бујар Османи на аџилак

Каков политички товар носат професионалните лични карти на Мухамед Зекири и Едмонд Адеми?

Од јавни говори и постовите на социјалните мрежи јасно се гледаат ставовите на Зекири. Тој често повикува на насилство, навредува медиуми, посакува линч на политичари, го повикува народот да се наполни со омраза, а тоа профил за кој Заев смета дека е идеален за тимот.

54-1-200x200

1-200x200

Новиот член на Централниот одбор на партијата, е поддржувач на исламските радикали на Балканот и за него Израел е терористичка држава.

6

7

Мухамед Зекири доаѓа во партијата навидум ненадејно, откако ги одработе сите интервјуа на Зоран Заев, во кои тој промовираше подготвеноста за секакви отстапки со ставови дека на СДСМ не му личи да глуми патриотизам.

8
alsat-zaev-zekiri-640x507-200x200

Новинарот кој многу пати досега се ставаше во функција на вжештените националистички реторики кои одредени албански кругови на политичари веќе подолго време ги застапуваат, не ги изненади оние кои подобро ги познаваат неговите ставови. Тој беше еден од првите кои го пробија полицискиот кордон и се туркаше со полицијата на протестот организиран од ЗНМ и повеќе здруженија пред Музејот на македонската борба.

9

Дека патот на радикалот му е истрасиран уште пред подолго време зборува и фактот што неговите ставови за македонско-албанските односи се совпаѓаат со ставовте на СДСМ: конфликтот во 2001 година, Диво Nасеље, Смиљковското Езеро.

Истиот независен Мухамед Зекири, кој e член на ИО и ЦО на СДСМ, пред извесно време тврдеше дека во Избирачкиот список имало 500.000 спорни гласачи и на истиот фигурирале 60.000 мртви. Зекири тврдеше дека од 500.000 гласачи, 195 илјади биле евидентирани како фиктивни гласачи, исто како и неговиот партиски лидер.

10

Главната поддршка помеѓу Албанците Заев ја црпе од движењето Беса составено од радикални структури и платеници на Сорос, а Зекири со големи букви и повеќе извичници нескриено ја искажа и својата возбуда од одлуката на БЕСА јавно да ги поддржува притестите што ги организира СДСМ. Тие нескриено ја искажуваат желбата на редефинирање на македонските државни граници. Директна поддршка Зоран Заев доби и струшкиот градоначалник Зијадин Села, кој е познат, исто така, по радикалните ставови.

Зоран Заев и Муса Љамалари, претставник на албанската дијаспора, заговарарале федерализација на Македонија за да го зголеми бројот на поддржувачи, што потврди и самиот Љамалари, кој посочи дека со Заев разговарал токму за федрализација на Македонија, по што лидерот на македонската опозиција ја добил поддршката од албанските партии.

Високата позиција на Зекири во СДСМ е само официјализирање на оваа идеја.

11

Новинарот Мухамед Зекири сподели изрека на Мула Јакуп Асипи, оџа од Слупчане во времето на конфликотот во 2001 година, близок соработник на раководството на ОНА, кој од странство донесе околу 150 муџахедини да се борат на страната на ОНА.

12

 

„Искрен и праведен е тој кој што кога се во прашање интересите на малцинствата, своите ги гази со двете нозе“

14
Мула Јакуп Асипи

Високиот член на раководството на СДСМ го поздрави оштетувањето на споменикот на Цар Душан, а застана и во одбрана на свирепите убијци од Смиљковското Езеро.

15

16

Македонските судови врз основа на докази им изрекоа казни на убијците на петтемина млади кај Смиљковското Езеро, но оние што пукаа врз нив според Зекири се невини.

Токму овој случај, Смиљковско Езеро, беше најсилниот адут со кој Заев се закануваше дека ќе биде бомбата која најсилно ќе експлодира, веројатно во граѓанска војна. Поигрувајќи си со чувсвтвата на семејствата на убиените, Заев ветуваше докази кои на крајот излезе дека ги нема.

17

Од друга страна, пак, ставовите на Адеми, кој покрај долгогодишното членство во ЦО на СДСМ бил и претседател на СДММ во Тетово, како експерт или политички аналитичар веќе е познато дека се против интересите и просперитетот на земјата. Освен на насилство и на крвопролевање, изјава која јавноста не му ја заборава, тој повикуваше на Македонија да не ѝ се даде датум за почеток на преговори со Европската унија.

18

„Да сум Европска комисија, не само што ќе нема датум за почеток на преговори, туку би го одзел и кандидатскиот статус„, е коментарот кој тогаш го напиша Адеми повторно на социјалните мрежи.

Јавноста неколку пати досега беше сведок на скандалозни изјави и повици за насилство од страна на членови на опозициската СДСМ, кои најверојатно го следат примерот на лидерот на опозициската партија Зоран Заев. Токму Заев говореше дека „ќе има пукање“.

Премиер Албанец, двојазични училишта, навивањето за Шкендија, ортаклакот со Беќир Зекири Чауш и уште стоитина други најави кои одат во насока јасно да го дефинираат непоколебливиот став за албанизација, радикализација и федерализација на државата Заев почнува да ги реализира со инфилтрирање радикални исламисти во врвот на втората најголема македонска партија – СДСМ.

Несомнено радикализацијата на државата започнuва со радикализација на партијата, зашто и онака Зекири веќе го советуваше Заев да фрла Mолотови коктели кон македонските институции.

19

Извор: Република