Радио водител почина среде емисија во живо

Радио водителот Тим ​​Гоф (55) доживеал срцев удар за време на емисија во живо и починал, пишува Би-Би-Си. На Гаф му се слошило во понеделникот додека водел утринска емисија на радио станицата GenX Radio.

Колегите и пријателите го опишуваат како топла, грижлива и забавна личност која на сите ќе им недостига.

Поголемиот дел од својот живот го поминал во Сафолк, Англија, каде ја започнал својата радио кариера во 1986 година.

Радио станицата објави дека Гаф починал во 7:50 часот. Музиката во етерот одеднаш престанала, а потоа повторно почнала неколку минути подоцна.

-Се надевам дека стотиците пораки со сочувство и поддршка ќе бидат барем утеха за семејството на Тим, кое побара приватност во овој тежок момент, вели Џејмс Хејзел директор на радиото.