Радиолозите работат и преку викенди за да ги решат задоцнетите медицински извештаи

-Се работи и за време на викенд. Новиот менаџмент на Радиологија си зададе за цел, да нема чекање на резултатите од испитувања. Радиолозите од ЈЗУ УИ за Радиологија, во организација со новиот менаџмент, в.д. медицинскиот директор, д-р Соња Николова, започнаа активности на прекувремена работа, вклучително и викенди, за да се справат со заостанатите медицински извештаи, акумулирани со месеци, соопштија од таму.

-Со овој чин, радиолозите од ЈЗУ УИ за Радиологија ја акцентираат нивната посветеност и грижата за пациентите и здравствениот систем. Овој начин на работа овозможи ревносно да се анализираат заостанатите скенови, да се подобри соработката меѓу колегите и да се обезбеди навремена и точна дијагностика, со што ќе се нагласи и нивната витална улога во одржувањето на ефикасноста на здравствената заштита, особено под предизвикувачки околности, информираат од таму.