Првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ денеска Хашкиот трибунал го осуди на 40 години затвор по обвиненијата за воени злосторства во Босна и Херцеговина извршени од 1992 до 1995 година.
Тој е прогласен за виновен за геноцид во Сребреница, прогонство, истребување, убиства како злосторство, присилно преместување на цивили, ширење терор, напади на цивили и земање заложници.
Не е виновен за геноцид во седум општини во Босна и Херцеговина.
Тој има право времето минато во притвор да му се пресмета во казната, а во притвор останува додека не се спроведе организирање трансфер на локација каде ќе ја издржува казната.
Судскиот совет докажа дека Караџиќ, како врховен командант на Војската на Република Српска, бил клучен човек и одговорен за кампањата за снајперско дејствување и гранатирање на Сараево, кое траеше 1425 денови.
Сепак, како што се наведува во заклучоците, поради недостиг на докази не е виновен за геноцид извршен во седум општини во БиХ за време на 1992 година, како и за злосторства во 20 босанскохерцеговски општини.
Виновен е за геноцид извршен во Сребреница во 1995 година.
Виновен е за земање меѓународни војници за заложници во Горажде во 1995 година.
Адвокатот Бранислав Тапушковиќ вели дека „неколку работи го изненадиле“
– Тоа е спомнувањето како олеснителна околност средбата со Ричард Холбрук. Судот не би го спомнал тоа да немало средба. Нему му е изречена помала казна отколку на офицерите. Тоа навистина покажува дека и судот имал сомневање дека тој навистина знаел што се случувало на теренот. Тоа фрла светло дека тој издавал наредби да се штитат цивилите,вели Тапушковиќ.