
Со присуство на голем број спортисти и спортски работници, како и претставници од јавниот и приватниот сектор од општина Радовиш, а во организација на Општина Радовиш – Комисијата за образование, спорт и култура при Советот на општина Радовиш, а под покровителство на Градоначалникот на општина Радовиш г-дин. Сашко Николов вечерва беше одржана манифестацијата „Спортист на годината 2014“.
Спортот е дел од нашето национално чувство, спортот е она преку кое најдобро може да се презентирате себеси, да ја презентирате својата спортска екипа, да ја презентирате својата општина и својата држава. Изминатата 2014-та година, општина Радовиш беше исполнета со бројни спортски настани и манифестации, а исто така и со големи успеси на нашите спортски екипи. Ние како општина инвестиравме и ќе инвестираме секогаш во спортот и спортската инфраструктура. Благодарност до сите спортски екипи кои преку организацијата на спортските турнири и манифестации сериозно ја подигнаа свеста за важноста на спортот и водењето на здрав живот. Се надеваме дека во иднина со уште понапорна работа и мотивација ќе нанижувате се повеќе, и повеќе успеси како на поединечен, така и на клубски план, а со тоа поуспешно ќе ја промовирате општина Радовиш и Република Македонија – истакна во своето обраќање Градоначалникот Сашко Николов.
Комисијата за образование, спорт и култура при Советот на општина Радовиш објави Оглас за пријавување на спортисти, спортски работници и спортски екипи, при што беа поднесени 13 пријави од страна на спортските клубови и здруженија. Комисијата врз основа на Правилникот за критериуми за избор на спортист на годината изврши избор на најдобрите поединци – спортисти во различни категории, спортски работник и посебни спортски достигнувања во текот на изминатата 2014 година. Со оглед на предвидените критериуми во Правилникот, во предвид се беа земени параметрите: – Постигнати спортски успеси на меѓународен план, – Постигнати спортски резултати на национално ниво, – Како и Развиеност и Јавен статус на спортот на Државно и на Локално ниво.
На оваа манифестација исто така беше направена една кратка ретроспектива на сите спортски настани и манифестации кои ја одбележаа 2014 година, како и осврт на новата и обновената спортска инфраструктура во општината.
Од пристигнатите номинации од страна на спортските клубови, а според Правилникот за критериуми за избор на спортист на годината, признанија и награди добија следните спортисти и спортски работници.
Добитници на Плакета – Спортист на годината 2014 год.
Категорија – Сениори
Мите Ашкилов – Маи Таи „Комбат“
Категорија – Јуниори
Ѓорги Јованов – БК „Бучим Радовиш“
Категорија – Кадети
Ратко Костов – Џудо клуб „Сенсеи“
Категорија – Пионери (најперспективен спортист на годината)
Давид Мијалов – Триатлон клуб „Анада“,
Спортски тренер на годината
Тони Танчев – БК „ Бучим Радовиш “
Добитници на спортско Признание за Посебно спортско достигнување
Трајан Ангелов – БК „Бучим Радовиш“
Јован Станишков – АК „Плоча“
Драган Јованов – ВК „Свиок“
Ристе Лазарев -КК „Бучим-Феникс“
Ѓорги Божинов – БК „Бучим Радовиш“
УСК „Крсте П. Мисирков“
ФК „Извор – Сениори“ – Калугерица
ООУ „Никола Карев“
Добитници на Плакета
Глигор Кушовски – Спортски работник за повеќегодишна работа
Јордан Јовчев – Спортски работник за повеќегодишна работа