Против С.Н.(43) од с.Долни Липовиќ, радовишко, е поднесена кривична пријава бидејќи на езерото Мантово му се заканил со оружје на виничанец велејќи му да го напути местото.
Радовишанецот со револверот испукал еден куршум во воздух. Покрај ова, пријавениот на езерото со мрежа незаконски ловел риба.
На 16.04.2014 година, извршен е претрес во домот на таткото на пријавениот при што се пронајдени и одземени револвер, ловен карабин, воздушна пушка без документи, потоа полуавтоматска ловна пушка, сопственост на лице од с.Долни Липовиќ и три ловни пушки, сопственост на фамилија на пријавениот, како и пет куршуми и девет чаури.