Главниот експерт во бугарското Министерство за надворешни работи Желјазко Радуков изјави во четвртокот дека Бугарија е импресионирана од креативноста на албанскиот премиер Еди Рама за изнаоѓање оправдувања.
Според Радуков, изјавите нема да влијаат на „долгорочните интереси што Бугарија ги има со своите партнери албанскиот народ и албанската држава, како и топлите чувства што ги има кон нејзините пријатели Албанци„.
„Сево ова е минливо и можеме да го оставиме зад нас„, истакна Радуков за тврдењата на Рама дека Бугарија го одложила приемот на Албанија во ЕУ за осум години.
Бугарското Министерство за надворешни работи во средата реагираше на изјавата на Рама, а подоцна беше остварена средба и со амбасадорката на Албанија во Софија, Доника Хоџа.