Портпаролот на Фондот за деца и млади на Обединетите нации (УНИЦЕФ) Џејмс Елдер денеска изјави дека Рафах е градот на децата и последната надеж на Газа.
Во видеото на социјалната мрежа Х, за време на посетата на градот Кан Јунис, тој ги опиша урнатините во тој град како „целосно уништување“ и изрази загриженост дека нешто слично може да се случи како резултат на воената операција во Рафа, пренесува The Guardian.
„Рафах е град на деца, таму има 600.000 момчиња и девојчиња. Воена офанзива во Рафах? Мислам, да, офанзива е вистинскиот збор. Рафа е дом на последните преостанати болници, засолништа, пазари и водоводни системи во Газа. Рафах е последната надеж на Газа. Па сепак, во сенка на тоа, од толку брутални сцени низ Газа, некои гласови размислуваат да го направат сето тоа повторно во Рафа“, рече Елдер.
Тој зборуваше за одобрување на оперативните планови на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за офанзивата Рафах, во кои се наведува дека таму се наоѓаат четири баталјони на Хамас.