Изненадување на стартот на последниот Мастерс турнир оваа сезона кој се игра во Париз. Рафаел Надал е е поразен од 31. Томи Пол со 2:1 во сетови (3:6, 7:6, 6:1).
Шпанскиот тенисер добро го почна мечот, првиот сет го доби со 6-3, но потоа следеше пресврт. Во вториот сет беше израмнето, истиот беше одлучен во тај-брејк. Пол одлично го отвори со 4:1 успеа да ја задржи предноста и израмни на 1-1 во сетови.
Во последниот решавачки сет Надал целосно се распадна, загуби на свој сервис, Пол поведе со 2-1 и до крајот доминираше за вкупни 6-1 во третиот сет и голема сензација во Париз.