Рафаел Надал го откажа турнирот во Монтреал и ги загрижи фановите

Рафаел Надал нема да учествува на годинешниот Роџерс куп кој ќе се одржи во Монтреал, објави шпанскиот тенисер.

Последниот турнир на кој учествуваше Шпанецот беше Вимблдон каде без борба мораше да му го предаде полуфиналниот дуел на Ник Кирјиос.

Како што истакнува Надал, ја санирал повредата, се вратил на тренинзите, но почувствувал мала непријатност и ќе пропушти еден од последните мастерс турнири во сезоната.

– Од мојот одмор и подоцна враќање на тренинзите, се оди добро овие недели. Пред четири дена повторно почнав да тренирам и после тренинг имав мала непријатност која беше присутна и денес.

– Решивме да не патуваме во Монтреал и да продолжиме да тренираме без форсирање. Искрено му благодарам на директорот на турнирот Јуџин и на целиот негов тим за разбирањето и поддршката што отсекогаш ми ја покажуваа, а денес не беше исклучок. Се надевам дека повторно ќе играм во Монтреал, турнир кој го сакам и пет пати победив пред публиката која секогаш ме дочекуваше со голема љубов. Немам друг избор освен да бидам мудар во овој момент и да размислувам за здравјето, напиша Надал на својот Твитер.

Потегот на Надал може да се смета и како мерка на претпазливост, бидејќи Шпанецот секако планира да биде здрав за УС Опен, и да го искористи потенцијалното отсуство на Ѓоковиќ во Њујорк за да освои уште една Грен слем титула.