![kimi-raikkonen2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/kimi-raikkonen2.jpg?resize=696%2C461&ssl=1)
И покрај најавите дека во италијанскиот тим размислуваат да се откажат од Финецот заради неговата послаба форма сезонава и да бараат друго решение, сепак на крај е донесена одлука за продолжување на соработката.
Од Ферари соопштија дека е обновен договорот со ;ем:Кими Раиконен;-ем: и за наредната сезона. Задоволен од новиот договор, Финецот изјави дека планира кариерата да ја заврши во Ферари.
Овде сакам да ја завршам кариерата. Посветен сум на тимот и на болидот повеќе од кога било, изјави Раиконен.
Финскиот возач моментно е на петтото место во Ф1 шампионатот со 76 бода, зад Ботас (77) и водечкото трио во кое се Фетел (160), Нико Розберг (181) и Луис Хамилтон (202).
Следната трка во Формула 1 ќе се вози на 23 август, за ГН на Белгија на патеката “Спа”.