Раиконен најбрз во квалификациите на Имола

Финецот Кими Раиконен во болидот на Ферари постави најдобро време во квалификациите за Големата награда на Италија на патеката Имола во 14-та трка од Светското првенство во Формула 1.

Раиконен постави најбрзо време во последниот круг поставувајќи нов рекорд на патеката во Монца со време 1:19.119. За Финецот ова е прва „пол позиција“ по Монако во 2017 година и 18-та во кариерата.

Одушевувањето на домашните навивачи на Ферари го предизвика и Германецот Себастијан Фетел кој се пласираше на втората позиција и така во голем стил ја најави утрешната трка.

Трет беше водечкиот во генералниот пласман со 17 бодови пред Фетел, Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес.

РЕЗУЛТАТИ

1. Кими Раиконен (Фин/ Ферари) 1: 19.119
2. Себастијан Фетел (Гер/ Ферари) 1: 19.280
3. Луис Хамилтон (В.Б./ Мерцедес) 1: 19.294
4. Валтери Ботас (Фин/ мерцедес) 1: 19.656
5. Макс Верстапен (Хол/ Ред Бул ТАГ Хеурер) 1: 20.615
6. Ромен Грожан (Фра/ Хаас-Ферари) 1: 20.936
7. Карлос Сајнц Џр (Шпа/ Рено) 1: 21.041
8. Естебан Окон (Фра/ Форс Индија-Мерцедес) 1: 21.099
9. Пјер Гасли (Фра/ Торо Росо-Хонда) 1: 21,350
10. Ленс Строл (Кан/ Вилијамс-Мерцедес) 1: 21.627