Мино Раиола, најпознатиот фудбалски агент на денешницата откри дека не гледа ништо страшно во изјавата на спортскиот директор на Јувентус, Павел Недвед дека францускиот интернационалец Пол Погба ќе направи голема грешка ако трча по парите кои му ги нудат побогатите клубови од Европа.
“Павел знае дека јас само добро му мислам на мојот клиент Пол Погба, знае дека ќе направам се што е во моја моќ. Павел работи за доброто на Јувентус и секогаш клубот му е на прво место. Јас секогаш му верував на Павел, јас му бев агент. Благодарение на мене, Погба е дел од Јувентус, го донесов во еден поштен клуб, во еден амбициозен клуб. Слушнав дека Погба не е за продажба. Тоа е многу убаво, но да видиме што се ќе се случи во следните неколку состаноци. Погба нема да замине од Торино по секоја цена, убаво му е во Торино”, изјави Раиола.