Тренерот на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Емил Рајковиќ не ја криеше радоста по победата над бранителот на титулата МЗТ Скопје во вториот финале плејоф натпревар во домашното првенство.
„Верував дека можеме да се вратиме и кога губевме со двоцифрена негатива на полувреме, тоа им го реков и на играчите. Дека треба да бидеме со ладни глави, да играме најдобро што знаеме, да се фокусираме на своето издание и да не размислуваме за противниците и за судиите. Знаев дека МЗТ не е непобедлив, но и дека е многу тешко да се стигне до триумф над оваа екипа. Знам како треба, цел живот го победувам МЗТ, но морам да кажам дека ова е веројатно најсилниот нивни тим до сега“, изјави Рајковиќ.