Ракета „Сојуз“ со тројца Руси полета кон ISS

Тројцата руски космонаути полетаа во петокот во ракетата „Сојуз“ на Меѓународната вселенска станица (ISS), во периодот кога соработката со САД и западните земји во вселенските програми е во криза поради западните санкции наметната на Русија поради воената операција во Украина.

Екипажот со кој командува искусниот космонаут Олег Артемиев, придружуван од Денис Матвеев и Сергеј Корсаков, полетеа кој орбиталната станица со летот кој траеше рекордни куси три часа. На ISS се пречекани од екипажот кој го сочинуваат двајца Руси, четворица Американци и Германец, според снимките коишто ги објави американската агенција за вселенски истражувања NASA.

До неодамна соработката на Русија и Западот, во прв ред САД, во Вселената беше еден од ретките сектори кои не трпеа поради санкции воведени за Русија откако по превратот во Киев во 2014 година, мнозинското руско населени на црноморскиот полуостров Крим реши преку два референдума си ја врати укинатата автономија и одлучи да се врати во составот на Русија од кој е издвоен во 1950те години во времето на СССР, што Западот сега го смета за нелегална руска анексија на украинска територија.

Сепак, врските се затегнаа откако во 2018 година на чело на руската вселенска агенција Роскосмос дојде Дмитриј Рогозин, кого САД го означуваат како „руски националист“. Рогозин, како и мноштовото Руси ја поддржа она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ во Украина и порача дека поради новите западни санкции кои го опфаќаат и рускиот научно-технолошки сектор Русија може да престане со соработката што и објективно би можело да предизвика големи проблеми па и паѓање на ISS.

Рогозин поредупреди дека работата на ракетите кои ја снабдуваат и моторите кои ја оддржуваат исправната траекторија и кога е потребно ја коригираат позицијата на орбиталната станица ќе бидат нарушени поради санкциите, бидејќи тоа ќе го погоди рускиот дел од станицата. Тоа може да доведе до пад на 500 тони тешката ISS, „во море или на копното“ на Земјата, предупреди Рогозин на 12-ти март.

Американците самите немаат толкав капацитет, потврди во понеделникот Џоел Монталбано, дирекот на програмата ISS во NASA.

„Вселенската станица е замислена на принципот на меѓусебната зависност (…) тоа не е процес во кој една група може да се одвои од другата. Моментално нема сигнали дека нашите руски партнери би сакале поинаку да работата. Значи, планираме да го продолжуваме операциите како што тоа го правевме и денеска“, рече Монталбано.

Русија е неопходна за доброто функционирање на ISS, бидејќи погонскиот систем на орбиталната станица кој овомзожува подесување на траекторијата се потпира на руските ракети. Неодамна Роскосмос објави дека ја запира испораката на ракетните мотори во САД како одговор на американските санкции.

Роскосмос, исто така е одговорен за одржување на ISS и летовите до и од станицата. Вселенската капсула „Сојуз“, во која ќе бидат американскиот астронаут Марк Ванде Хеи и руските космонаути Антон Шкеплеров и Пјотр Дубров, би требало да се вратот на Земјата од ISS на 30-ти март. Германскиот астронаут Матија Маурер ќе остане на станицата.

Неизвесна е судбината на Меѓународната вселенска станица која во орбитата е подолго од две децении. Овој проект треба да заврши во 2024 година, а Русија претходно објави дека излегува од проектот во 2025 година. Русија ги продлабочува врските со Кина во Вселената откако САД со наметнувањето на стотици санкции со кои се опфатени и руските технолошки и вселенски програми се обидуваат да добијат примат во оваа сфера. Така Москва одби да учествува во американската програма „Artemis“ за истражувања на Месечината и одлучи да му се приклучи на Пекинг во истражувањата на природниот сателит на Земјата следните години.

Русија може да го продолжи своето учество во работата на Меѓународната вселенска станица (ISS) и по 2025 година, доколку од руските компании во оваа област бидат симнати доглогодишните американски санкции, рече уште во јуни минатата 2021 година Дмитриј Рогозин, челникот на руската вселенска агенција Роскосмос. Рогозин тогаш повтори дека доколку САД не ги повлечат санкциите насочени кон научно-истржувачки сектор, Русија исклучиво ќе се потпре на својата свеленска станица за којашто веќе ги започна подготовките.

Ставена во функцина во 1998 година, Меѓународната вселенска станица е еден од најамбициозните проекти на соработка на човештвото во историјата. Во неа учествуваат Русија, САД, Канада, Јапонија и Европската вселенска агенција (ESA). Претходно од 1986 до 2001 година во функција беше советско-руската станица „Мир“ (Свет), чиј предвиден животен век беше за 10 до 15 години.