Ракетата лансирана од Северна Кореја била интерконтинентална

Балистичката ракета којашто во петокот ноќта ја лансирала Северна Кореја била интерконтинентална (ICBM, а прелетала 1.000 километри пред да падне во водите на ексклузивната економска јапонска зона, соопшти Пентагон.

Портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис изјави дека ракетата е лансирана од Мупјонг-ни, комплекс за производство на оружје на северот од Северна Кореја, и дека паднала на околу 167 километри од јапонскиот остров Хокаидо.

„Проценуваме дека тоа била интерконтинентална балистичка ракета а ова лансирање беше очекувано“, изјави Дејвис. Додаде дека лансирањето не претставувало опасност за САД како и дека се работата натамошни анализи.

„Нашата доследност во заштитата на нашите сојузници, вклучително и Република Кореја и Јапонија, пред ваквите закани останува цврста. Подготвени сме да се браниме себеси и напите сојузници до каков и да е напад или провокација“, рече Дејвис.