Иван Ракитиќ се чини дека ги поминува последните денови во Барселона.
Шпекулациите за заминување на хрватскиот фудбалер траат долго, а шпанските медиуми последните неколку дена пишуваат дека во каталонскиот тим сега има премногу играчи во средниот ред и поради тоа Ракитиќ и Видал би можеле да го напуштат Камп Ноу.
Ернесто Валверде минатата недела изјави дека секој играч мора да се избори за место во екипата.
Две позиции во средниот ред се резервирани за Бускетс и Де Јонг, а Видал, Ракитиќ, Кутињо, Роберто и Ален треба да се борат за уште едно преостанато место.
Токму поради тоа многумина веруваат дека Ракитиќ ова лето ќе ја напушти Барса, а Каталонски Спорт пишува дека за следна дестинација ќе бира помеѓу Манчестер Јунајтед и Интер, а наводно Хрватот го преферира Интер.
Покрај тоа што има премногу играчи во средниот ред, Барселона сака да го продаде Ракитиќ и да добие 50 милиони евра за да ги искористи за нови засилувања, а прво секако е Нејмар од ПСЖ.