Ракометарите баражот за СП со Романија го играат во март

Македонската машка ракометна репрезентација, првиот бараж за Ссветкото првенство во Шведска и Полска ќе го игра во март, против селекцијата на Романија.

Познато е дека воведниот меч ќе се игра во Скопје додека реваншот во Букурешт.

Македонија на 17 март ќе биде домаќин во „Борис Трајковски“ а ќе гостува во Романија на 19 март.

Победникот од овој бараж двомеч го очекува двомеч со Чешка во вториот бараж, а победникот од тој двојбој ќе се најде на СП следната година.