Ракометарите го одработија единствениот тренинг пред мечот со Турција

Македонската ракометна репрезентација вечерва во „Нур Татар спорт“ арената во Ван го одработи единствениот тренинг пред утрешниот дуел против Турција во квалификациите за пласман на ЕП 2024.

Селекторот Кирил Лазаров за натпреварот ќе смета на 17 ракометари меѓу кои сега и Дејан Манасков, кој ја пропушти првата средба против Луксембург во Скопје.

Македонија утре од 16 часот посакува триумф за продолжување на патот кон учество на ново големо натпреварување.