По Веспрем и Виве Кјелце, пласман на Фајнал Фоур турнирот во ракометната Лига на шампионите во четвртокот изборија и Барселона и Кил
ТХВ Кил по голема драма го победи ПСЖ со 33:32 откако првиот дуел заврши без победник 30:30, додека Барселона завршниот турнир кој ќе се одржи во германски Келн на 18-ти и 19-ти јуни, го избори со две победи против Фленсбург. Во првиот дуел Каталонците славеа со 33:29 а во реваншто пред своите навивачи со 27:24.
Кил и ПСЖ одиграа одличен дуел, а решението за патникот на завршниот турнир дојде во последната секунда од мечот кога одличниот Никлас Ландин го одбрани ударот на Лук Стејнс. Дококлу Холанѓанецот погодеше дуелот ќе завршеше со резултат 33:33 и севкупен победникл ќе беа парижаните поради поголемиот број погодоци на гости.
Кога Кил во последната минута влезе со два гола предност 33:31 се чинеше дека е решено прашањето на победникот. Но Лука Карабатиќ намали а потоа Кил ја загуби топката во напад. Никола Карабатиќ фрли за контра до Матје Гребие, но Домагод Дувњак ја запре акцијата и на Французите им останаа само четири секунди за нов напад. Гостите ја изведоа акцијата за Стејнс кој шутираше, но Ландин одбрани за победата на Кил.
Германските тим до победата го предводеа Патрик Виенцек и Харалд Рејнкинд со по 6 голови, Миха Зарабец додаде 4. Кај ПСЖ најефикасни беа Недим Ремили со 8 и Камич Сипрзак со 6 голови.
Во вториот меч вечерва Барселона до победата ја водеа Дика Меме со 6, Јусеф Бен Али со 5 и некогашниот „вардарец“ Лука Циндриќ со 4 голови. Кај Фленсбург најефикасни беа Хампус Бане со 6, а Ласе Сван и Јоханес Хола дадоа по 4 голови.
Во средата пласман на турнирот во Келн изборија и унгарски Веспрем и полски Виве Кјелце. Кјелце во реваншто го надигра француски Монпелје, по 28:31 од првиот меч во Франција, во реваншот беше сигирни 30:22 за полскиот тим за кој уште еден поранешен играч на „Вардар“ – Игор Карачиќ постигна 3 гола.
Веспрем, со македонскиот репрезентативев Дејан Манасков, се пласираше и покрај поразот од 35:37 од дански Алборг во реваншот во Данска, бидејќи допатива со предност од 36:29 од првиот дуел во Унгарија.
Жребот за полуфиналните двојки ќе се одржи на 24-ти мај.